Вратата од ЕУ ќе остане затворена: Бугарија ќе не блокира повторно

Бугарија неma може да го поддржи одржувањето на првата Меѓувладина седница со Македонија, која го означува и стартот на преговорите со ЕУ за земјава. Актуелниот нацрт на Рамката за преговори за пристапување на Македонија исто така не ги одразува предлозите на бугарската страна и затоа Бугарија не може да го поддржи, пренесува Бугарската национална агенција БГНЕС.

Во однос на почетокот на преговорите за членство на Република Македонија во ЕУ, беа истакнати напорите направени во последните месеци од Бугарија за решавање на отворените прашања со Скопје. Истовремено, се уште нема напредок во имплементацијата на Договорот за добрососедство, рече министерот Стоев. Тој додаде дека бугарската страна се уште очекува конкретни чекори од соседите за исполнување на обврските, вклучително и откажување од територијални и малцински претензии, прекин на говорот на омраза кон Бугарија, промена на учебниците во Република Македонија, имајќи ја предвид нашата заедничка историја, се вели во соопштението на бугарското МНР за БГНЕС, гарантирајќи ги правата на граѓаните со бугарска самосвест.

Целата статија можете да ја прочитате ТУКА.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.