ВРАБОТУВАЊЕ во Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Прилеп: АПЛИЦИРАЈТЕ!

Врз основа на член 35 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18) и Уредбата за спроведување на постапката за вработување на административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/18), а во врска со член 20-г од Закон за вработени во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 27/16 и 35/18) и Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 34/15), Агенцијата за администрација објавува

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 147/2018
за вработување на 2 јавни службеници од група I, подгрупа II во НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Прилеп за следните работни места

 

1. КУЛ0102Г01001 Самостоен референт за административни работи, Одделение за правни и стручни работи, Сектор за правни, финансиски и општи работи, извршител(и)

Општи услови

Да е државјанин на Република Македонија, активно да го користи македонскиот јазик, да е полнолетен, да има општа здравствена способност за работното место, со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови

Ниво на квалификациите V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование, Економски науки, Гимназиско, ССС – земјоделска струка, најмалку 3 (три) години работно искуство во струката

Општи работни компетенции

Учење и развој, комуникација, остварување резултати, работење со други/тимска работа, ориентираност кон странките/засегнати страни и финансиско управување

Посебни работни компетенции

Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)

Паричен нето износ на плата: 14.501,00 денари

2. КУЛ0102Г01001 Виш соработник за административни општи и правни работи (правник), Одделение за правни и стручни работи, Сектор за правни финансиски и општи работи, извршител(и)

Општи услови

Да е државјанин на Република Македонија, активно да го користи македонскиот јазик, да е полнолетен, да има општа здравствена способност за работното место, со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови

Ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки, најмалку 2 (две) години работно искуство во струката

Општи работни компетенции

Решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг, учење и развој, комуникација, остварување резултати, работење со други/тимска работа, стратешка свест, ориентираност кон странките/засегнати страни и финансиско управување

Посебни работни компетенции

Aктивно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)

Паричен нето износ на плата: 21.542,00 денари




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.