“Внимание, Заев го брани МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК!”

– Јанѕа ме изеде, небаре змии ме полазија… Се наежив во моментот кога Зоран Заев кажа „Јазикот сме сите ние. Сè дури постои македонскиот јазик, ќе постојат Македонците. Сè дури постојат Македонците, ќе постои и македонскиот јазик.“ Уффф, се расплакавте, гарант…

Пред него и Стево Пендаровски блескаше: „Македонскиот јазик е ноторен факт, одамна признаен од светската лингвистичка наука.“ Ве разнежни, нели…

Добро, им напишале пи-ар биљмезите, а човечињата вљубени во север прочитале. За малку, ќе помислев и дека се Македонци…

Ве лажам, многу одамна тоа ми е непоимливо. Попрво ќе поверувам дека Џек Мевосек бил филантроп…

Проблем е кога црпнатото чедо ќе вети или констатира нешто за и околу Македонија, Македонците, историјата, јазикот, името. Особено, во момент кога Бугарите ги бараат истиот тој јазик и нација…

Да, шубе. Тоа е природното чувство кое се раѓа кај Македонецот секојпат кога Заев ќе брани некоја национална светија. Ремининсценции. Дежа ви ли беше. Искуството си го прави своето. Ја знете онаа – еднаш ако ме излажеш, срам да ти е. Два пати срам да ми е. А што бива кога едно чедо – а отвори уста, лаже?”

Целата колумна на Љупчо Цветановски за Курир, прочитајте ја ТУКА.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.