“Внимавајте со водата! Сметките повисоки, наместо 20% пониски??”

И покрај предизборното ветување на сегашниот градоначалник од редовите на СДСМ во Прилеп, дека прилепчани ќе пијат 20% поевтина вода за пиење, се случи спротивното. Цената на водата за пиење остана непроменета, но поскапеа сметките за вода.

Со одлука на владеачкото мнозинство во Советот на општина Прилеп на 19.02.2018 година, не се испочитува ветувањето на Илија Јованоски, па цената на водата за пиење остана непроменета, но она што се промени е цената на услугата за собирање и одведување на урбани отпадни води која е дел од сметката за вода.

Досега граѓаните плаќаа по 3 денари за метар кубен на име на оваа услуга, цена која сега е зголемена на 5,28 денари, или плус 2,28 денари на секој потрошен метар кубен вода.

Она што сакаа општинските власти да го сокријат и тврдеа дека лажни се вестите за зголемените сметки, се потврди со сметките за вода за месец април кои прилепчани штотуку ги добија.

На приложените сметки може да се забележи зголемувањето на услугата за собирање и одведување на урбани отпадни води и да се види дека прилепчани навистина плаќаат повисоки сметки за вода, наместо како што беше ветено дека ќе добијат за 20% помали трошоци.

Семејствата во Прилеп сега се изложени на дополнителни трошоци, а оваа давачка особено ќе ја почувствуваат на свој грб стопанствениците, како и домаќинствата кои трошат поголеми количества вода.

Во продолжение погледнете и што се им ветуваше Јованоски на прилепчани во пресрет на локалните избори минатата година:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.