Внесете го вашето име на „Гугл“ и ќе се шокирате од резултатите

Колку и да сте свесни за фактот дека „Гугл“ знае повеќе за вас оттколку што мислите, сепак ќе ве изненадат реалните резултати.

Сакале тоа да си го признаете или не, секој од нас барем еднаш го внесол своето име на пребарувачот Гугл од чиста љубопитност за тоа што знае интернет за вас.

Меѓутоа, веројатно досега не сте се обидете да го внесете своето име, е-пошта или својот прекар на „Твитер“ на мапите на „Гугл“. Ако сте мислеле дека станува збор за обично пребарување, тогаш следува вистинскиот шок.

Сè почнало кога новинар од „Гардијан“, Алекс Херн објавил дека во момент на здодевност го внесол своето име и презиме на мапите на „Гугл“, а во резултатите се појавило не само името на неговата редакција и домашната адреса, туку и пабот во кој неколку пати играл карти.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.