ВМРО-ДПМНЕ: Срамно и лицемерно е човекот кој ги распродава националните интереси вечерва да се обрати од Прилеп (ВИДЕО)

Прес-конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп

(Во продолжение интегрален текст и видео од одржана прес-конференција)

“Во очи на големиот празник 11-ти Октомври, датумот на кој во 1941г. започна НОБ, од Прилеп ја држиме денешнава пресс конференција токму од местото од каде започнало востанието против бугсрскиот фашистички окупатор.

Од Прилеп, од градот херој, со напад на бугарскиот затвор започнала борбата на македонскиот народ за своја држава-Македонија.

Денес, 2018-та година, почитувани сограѓани, без трошка срам, што е и негова карактеристика од овде, од Прилеп ќе ни се обрати Зоран Заев, ликот кој решил да уништи се што припаѓа на оваа држава. Бидејќи комисијата за промена на македонската историја е формирана, го прашуваме: што има одлучено? Дали во 1941 Душко Наумоски, прилепчанец ја испукал првата пушка против бугарсиот фашистички окупатор, или според она што до сега Заев го кажува нашиот народ се борел сам против себе? И што од наредната година ќе претстсвува овој музеј зад нас? Или може и ќе го рушите?

Локалната самоуправа предводена од СДСМ одлучи да го означи овој ден со низа настани низ Прилеп кои се случуваат во спортските сали и останатите места кои дел се целосно изградени, а дел реновирани токму во време на ВМРО-ДПМНЕ кога СДСМ од улога на опозиција секојдневно држеше пресконференции против ваквите проекти. Но, денес, 2018-та, Добро е што СДСМ се одлучи да организира турнири и спортски настани во новите спортски сали кои ги изградивме во ООУ Добре Јованоски, СОУ Кузман Јосифоски Питу и СОУ Ѓорче Петров. Добро е затоа што потврдија дека не може и не смее да се брише тоа што е направено во минатото.

Почитувани,

Жално е што на еден ваков значаен ден за македонската историја, ќе има обраќање Зоран Заев во Прилеп пред прилепачани, во градот од каде истиот Заев бесрамно ја најави двојазичноста низ цела држава.

Да не заборавиме дека токму Зоран Заев за нешто повеќе од една година, ја клекна Македонија на колена, распродавајќи ги националните интереси, името, идентитетот, македонската историја, традиција, култура и јазик, со прифаќање на капитулантскиот договор со Грција.

Но, се надеваме оти нашите сограѓани од СДСМ кои се уверија оти не можат да избришат се што е пред нив изградено, конечно ќе му укажат на нивниот претседател оти не смее да ни ја брише историјата. Оти без нејзе нема да имаме ни сегашност, ни иднина!

Историјата памети и ќе памети кој бил на страната на Македонија, а кој работел спротивно од државните интереси!

По примерот на храброста и мудроста на нашите борци и предци, народот издвојува уште една битка за зачувување на Македонија,на референдумот на 30. Септември оваа година.

Нека ни е честит и вековит овој ден. По падот на оваа ненародна влада, Македонија ќе продолжи и понатаму да биде на страната на демократијата, слободата и прогресот! Македонија ќе победи!”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.