ВМРО-ДПМНЕ: “Скандал, оштетените земјоделците тргнати од дневен ред на Совет и помножени со нула?”

Соопштение на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп

Маката на земјоделците кои претрпеа штета, нема значење за СДС. Точката за обештетување на земјоделците, тргната од дневен ред на Советот на Општина Прилеп

Пред само неколку дена советничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија, побара да се одржи итна седница на која би се одлучило за целосно обештетување на земјоделците, чии површини беа зафатени од силното невреме.

Покрај ваквото наше барање, локалната власт предводена од СДС, најпрвин одлучи оваа тема да биде ставена како посебна точка на денешната седница на Совет на Општина Прилеп.

За жал не беше свикана ниту итна седница околу оваа тема, ниту пак оваа точка накрај беше ставена на дневениот ред за денес. Очигледно за СДС, несреќата на земјоделците нема апсолутно никакво значење.

Повторно го повикуваме министерот за земјоделие, да присуствува на седница која би се одржала со цел да се изнајдат начини и средства земјоделците да се обештетат 100%. Не смее никој да си игра со маката на земјоделецот.

Формирањето на комисии за проценка на штета, не смее да ги стави земјоделците во правен лавиринт кој накрај би завршил со некои 10 до 20% обештетување. Земјоделците мора да бидат 100% обештетени и тоа мора да се случи што поскоро, без одлагање”, велат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Во продолжение доказ дека точката за прогласување на природна непогода во селата Мало Коњари, Големо Коњари, Кадино село и населбата Варош, била испратена до советниците како дополнителна точка на дневниот ред.

Еве каква беше состојбата во овие населени места после невремето:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.