ВМРО-ДПМНЕ Прилеп: “Јованоски е најнеуспешниот градоначалник во Македонија? Срамна реализација од мизерни 11% капитални инвестиции?” (ВИДЕО)

Прес конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп

(Во продолжение интегрален текст и видео од одржана прес конгеренција)

“Во текот на вчерашниот ден Советот на општина Прилеп ја одржа својата 18-та седница. Притоа граѓаните конечно и на хартија ја видоа неспособноста на оваа локална власт. Кварталниот извештај кој советниците од СДСМ сами си го изгласаа, зборува дека процентот на реализација на капиталните инвестиции од ветеното пред граѓаните изнесува катастрофални 11,62%, бројка која конечно бело на црно го потврдува сето она за што зборувавме изминатиот период.

Оваа локална власт е во хибернација и длабок сон! Мегаломанските проекти кои ги ветија пред граѓаните останаа само празно слово на хартија и ништо повеќе. Нивната неспособност, неработење и неажурност се целосно видливи, а секоја манипулација е прочитана од прилепчани.

Ако за претседателот на Советот, Миле Талески, оваа бројка е паушална и невистинита, за тоа постои доказ, па граѓаните сами ќе оценат што е вистинито.

Единствено нешто паушално е вашето ветување за изградба на затворен базен во салата Македонија, ветувањето за изградба на нов театар, за 20% пониски сметки за вода за пиење, спортски центар на вештачкото езеро…и.т.н.

Прилепчани го паметат сето тоа и токму за тие ветувања ви ја дадоа довербата.
Измина речиси една година од вашето владеење, а освен вработување на партиски послушници, роднини и пријатели, ништо не променивте.

Затоа, во првата наредна прилика, прилепчани ќе го казнат ова ваше расипништво и тромавост. Прилеп заслужува многу повеќе, а вие докажавте дека сте немоќни да му го понудите тоа”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.