(ВИДЕО) Папагали зависници ги пустошат полињата со афион во Индија

Индиските земјоделци војуваат со папагали кои станале зависници и ги уништуваат полињата со афион.

papagal

Птиците ги чекаат земјоделците да ги исечат плодовите и тогаш тргнуваат по својата доза.

Птиците научиле дека не смеат да испуштат ниту глас за да не бидат фатени на дело. Откако ќе го откинат плодот, тие се качуваат на дрвата каде што ги јадат плодовите од афион. Земјоделците пробале за да ги истераат птиците од своите посеви, но ништо не помага, дури ниту петардите.

-Мораме да изгубиме часови и часови во полето за да го заштитиме афионот, се жалат фармерите и додаваат дека бројот на папагали зависници секоја година е поголем.

Бизарниот феномен прва го приметила Државната канцеларија за наркотици, откако ги надгледувала полињата заради злоупотреба на афионот и производстово на опиум.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.