(ВИДЕО) Озлогласениот гангстер два пати спектакуларно избега од француски затвор: Денес избега со хеликоптер, но погледнете го неговото прво филмско бегство

Осудениот убиец Редоан Феад денес втор пат избега од затвор и тоа со хеликоптер, а видеото од тоа “филмско” бество се појави на социјалните мрежи.

За време на беството на Фаид никој не е повреден и нема заложници, соопштуваат од француското министерство за правда.

“Вооружените командоси слетале со хеликоптерот на теренот на кој се шетаат затворениците, додека затвореникот бил во просторијата за посета”.

Како што пренесуваат француските медиуми, хеликоптерот слетал во 11:20 часот. Од него истрчале тројца вооружени мажи кои успеале да упаднат во затворот во кој, без посебен надзор, се наоѓал Фаид.

Го извеле од просторијата и се упатиле кон хеликоптерот со кој сите заедно избегале. Набрзо хеликоптерот е пронајден на неколку километри од затворот, напуштен и запален, а Фаид и помагачите патот го продолжиле со автомобил.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.