Бугарите се налутија, затоа што Русите ни го честитале празникот Св. Климент Охридски само нас

Русија сакала да забие клин меѓу Бугарија и Македонија. Руска провокација која има за цел да ја искриви вистината до крајно невозможен степен – бугарскиот професор Пламен Павлов, ја оценува честитката од Амбасадата на Русија во Скопје по повод празникот Св. Климент Охридски.

Како што објави БГНЕС, реакцијата на Павлов, кој според агенцијата, е еден од најголемите познавачи на бугарската и балканската средновековна историја, следи по честитката од руската амбасада во која пишува дека Св.Климент Охридски бил „голем просветитек, прв словенски епископ, еден од основоположниците на кирилското писмо кое ги поврзува современите руски и македонски јазик”.

Во објавениот текст се наведува и дека руската амбасада во Софија никогаш не ѝ го честитала овој празник на Бугарија и на бугарскиот народ.

Oд руската амбасада на социјалните мрежи напишаа:

-На братскиот македонски народ му го честитаме државниот празник – Денот на Свети Климент Охридски, големиот просветител, првиот словенски епископ, еден од основоположниците на кирилското писмо кое ги поврзува современите руски и македонски јазици!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.