БРУКА: “Родителите ги заборавале сопствените телефонски броеви, па наместо име им пишувале УЈП, ЗАТВОР, ПАЗАРИ?!”

Откако во медиумите излезе скандалот со наводното сместување на деца по партиски клуч во детските градинки во Прилеп, нов СКАНДАЛ ја тресе оваа институција.

(ФОТО) СКАНДАЛ ВО ПРИЛЕПСКИТЕ ГРАДИНКИ: ”Како политички се сместуваат децата во градинките, а Министерката молчи??”

Вчера на отварањето на новата градинка во ООУ “Рампо Левката”, на прашање на дописникот за “TВ Сител” од Прилеп за автентичноста на овие списоци, директорот на јавната институција детски градинки “Наша иднина”, даде одговор што ја шокира целата јавност.

„Ние имаме листа од 500 деца кои стојат јавно, секој може да ги види и на тоа пишува име и телефонски број и секој од родителите кога ќе дојде толку што е среќен дека ќе му биде детето примено во градинка го грешава бројот и ние за да го знаеме кој е го пишуваме името“, изјави Орце Тодороски, в.д. директор на градинки „Наша Иднина“.

На списоците кои излегоа во јавност, во графата мајка стојат имиња кои прилепчани ги асоцираат на високи функционери и активисти во СДСМ Прилеп. Па така тука има имиња како Христијан пазари, Валентин, УЈП …. и.т.н.

Скандалот беше проследен од повеќе медиуми, а јавноста е во неверување дека по партиски клуч се сместуваат деца и се врши дискриминација.

Прашањето кое логично се поставува после одговорот на директорот е да дали сите деца имаат родители со име Валентин, Миле, Ирена …?!

Kaпак на се’, градоначалникот и министерката Царовска дополнително се избрукаа, откако на фан страната на Фејсбук од министерката и веб страната на општина Прилеп, народниот херој кое го носи училиштето каде беше отворена градинката, беше прекрстен во “Рамно” и “Рамо”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.