Брендирано “Рено” помина долг пат и после успешната мисија ќе биде атракција во Прилеп (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Познатото возило од Витаминка и Тамаро летното такси, пристигна во кругот на прилепската компанија.

Брендираното Рено 4 си ја заврши својата летна мисија и сега ќе биде атракција во дворот на фабриката.

Највеселото такси во текот на месеците јули и август нудеше вистинска забава на охридските плажи.

Избрендираното Рено 4 во боите на Витаминка, Тамаро и Супер радио секоја недела посетуваше некоја од познатите охридски плажи каде на заинтересираните летувалци и туристи, водителот Жанко ЗШ Голабоски, им делеше од вкусните производи Стоби Флипс и Магнус.

Летното Витаминка такси имаше и ноќна мисија, еднаш неделно за сите кои го сопреа возилото во вечерните часови, се возеа бесплатно до саканата дестинација, а притоа исто така си добиваа и многу Витаминка производи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.