БОМБА ВО ТОРИНО: ЗИДАН ПРИСТИГНА ВО ЈУВЕНТУС!

Зинедин Зидан го напушти местото тренер во Реал Мадрид после три последователни титули во Лигата на шампиони, и додека многумина погодуваа каде тој ќе ја продолжи кариерата, Зи Зу ги изненади сите и дојде во Торино во Јувентус.

Изненадување е тоа што тој ќе биде советник на спортскиот директор на Јуве, Фабио Паратичи, а како што пренесуваат медиумите на Апенините, оваа функција Зидан ќе ја преземе за два месеци.

Ова е само прв чекор кон преземањето на клупата на првиот тим, велат изворите од Италија.

Вака Зидан може да биде тука некое време да постави систем и да ја преземе функцијата тренер кога ќе си замине Алегри.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.