Битолската Зоолошка градина во знакот на едукацијата, музиката и љубовта кон природата (ФОТО)

Во битолската Зоолошка градина се одржа едукативно-забавен хепенинг, каде учениците се дружеа, учеа за животните, сликаа…, а исто така беа доделени куќарки за птици наменети за основните училишта од Битола.

Преку оваа активност, учениците имаат можност да научат повеќе за значењето на птиците во природата, потребата од нивна заштита и важноста на грижата за животната средина.

Настанот кој е организиран во соработка со Државното музичко училиште и основните училишта од Битола, понуди содржини што ги обединија едукацијата, креативноста, музиката и дружењето.

Со ваквите иницијативи, Зоолошката градина Битола продолжува да ја поттикнува еколошката свест кај најмладите, учејќи ги дека грижата за природата започнува со мали, но значајни дела.

Во периодот што следува, предвидена е реконструкција на три нови живеалишта, со што ќе се продолжи процесот на подобрување и осовременување на просторот во Зоолошката градина.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.