Јавната општинска установа за деца-Детска градинка “НАША ИДНИНА”-Прилеп објави оглас за вработување на четири негователки за деца.
Според огласот објавен на веб страната на Агенцијата за вработување, основната плата за ова работно место изнесува 15.450 денари.
Кандидатите потребно е да поседуваат лиценца за неговател, а огласот е активен до 10.02.2019 година.