Фијаско е мал збор за народната казна за лажните ветувања на Заев?! (ФОТО)

Продавањето на националните интереси  и промената на историјата по желба и апетит на Грција и Бугарија, но и неисполнетите ветувања пред граѓаните, се чини на Заев му се удрија од глава.

СДСМ доживеа целосен дебакл на вечерашниот централен митинг во главниот град. Револтот кој во изминатите 4 месеци откако ја презедоа власта, се чини кулминираше вечерва.

Митингот во Скопје за кој се очекуваше да биде еден од најпосетените и беше бомбастично најавуван, е наслабиот воопшто митинг на било која партија во пресрет на едни избори.

Заев и СДСМ добија огромен црвен картон и од Прилеп, од каде за митингот во Скопје тргнаа само 5 полупразни автобуси, а останатите зјаеа празни во центарот на градот.

Најавената двојазичност, неисполнетото ветување за повисоки пензии, плати и субвенции беа повеќе од доволно, прилепчани, но и граѓаните од целата држава да му го свртат грбот на Заев и СДСМ.

Речиси никаква поддршка не пристигнала и од западниот дел на Македонија, каде СДСМ си поигра со чувствата на Македонците и не кандидираше кандидати за градоначалници на општините Гостивар, Тетово, Кичево, Струга, па граѓаните му порачаа на лидерот на владеачката партија дека немаат намера да гласаат за градоначалници Албанци.

Македонија се пробудува од сонот и фантазиите, ова е вистинскиот одговор на народот!

 

А/Г/

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.