(ФОТО) Ликот на Шешељ заврши во американски цртан-филм

seselj-620x350

Лидерот на радикалите во Србија Воислав Шешељ се појави во американскиот цртан-филм, научнофантастичниот серијал “Рик и Морти”. Не знаеме дали авторите му побарале дозвола, но ликот кој се појави навистина многу личи на него.

Шешељ се појавува како еден од споредните ликови во третата епизода на втората сезона, кога главните јунаци завршуваат на планетата која е запоседната и на сите им е одземена способноста за самостојно расудување.

Освен што цртаниот лик личи на Шешељ, тој има потполно ист стајлинг, карактеристичен за лидерот на радикалите, препознатлив по кошулата со кратки ракави и вратоврската.

Untitled-1-copy

seselj-ilustracija-foto-dailymotion-printscreen-1495888494-1195871

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.