(ФОТО+ВИДЕО) АВТОМАТИ ВПЕРЕНИ КОН НАРОДОТ: Тензична атмосфера во Косово – што ќе преземе Србија ?!

Колку бил брутален упадот на косовските специјалци во салата во Мтировица, каде се одржуваше дебата на косовските Срби на кој присуствуваше директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија Марко Џурич и генералниот секретар на претседателот на Република Србија Никола Селакович најдобро сведочи новата снимка на РТС.

На видео-снимките може да се види бруталноста на припадниците на косовоската полиција кон Ѓуриќ, кој со полуга е внесен во станицата во Приштина, додека во позадина се слушаат повици од насобраните граѓани кои го поздравуваат неговото апсење.

Ситуацијата излезе од контрола и по одговорот на Србите кои живеат во Митровица, кои во голем број излегоа на протести на мостот кај реката Ибар, а се поставуваат и импровизирани барикади.

Во меѓувреме, Вучиќ оствари телефонски разговор со Путин, а го свика и советот за национална безбедност.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.