(ВИДЕО) АЛЕКСАНДАР ВУЧИЌ: “Тие се бандити и терористи – Ќе видиме кој ќе добие црвен картон на крајот !”

Претседателот на Србија Александар Вучиќ, вечерва одржа итна седници на Советот за национална безбедност. Веднаш потоа се обрати на јавноста.

“Замислете голема сила ?! Испратиле магариња со шок-бомби да му кажат на народот: “Многу сме силни!” Луѓето во Србија не треба да бидат исплашени, ние не сме слаби како што на некои им изгледаме, туку не сакаме да ја покажеме нашата сила. Ви честитаме, големи херои, многу сте силни, но тивка вода брег рони. Ќе го видиме семафорот на крај и кој ќе добие црвен картон”, вели Вучиќ.

“Имаме работа со меѓународно добро организирани бандити. Не можеме да очекуваме подготвеност на албанската страна за компромис. Нема ништо од тоа и никогаш не сметавме дека ќе има. Велат дека немаат што да ни дадат, а јас им велам нив: “Е навистина ви благодарам, ние ќе ви дадеме уште помалку, само погледнете го Уставот на Србија”, додава Вучиќ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.