Украден уште еден автомобил среде бел ден во центарот на Прилеп

После објавата на социјалните мрежи дека во текот на вчерашниот ден околу 18:30 часот, пред маркетот “Ирнекс”, бил украден автомобил “Форд ескорт караван”, наш читател не информира дека кражба се случила и во средата на 18.04.2018.

Според информацијата која ја добивме, околу 14:30 часот возило марка “Пежо 106”, било украдено од пред реклами во центарот на Прилеп.

Автомобилот е црвен по боја, со регистарски таблици PP 9461.

Кражбите на автомобили се се’ почести во Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.