Со мотор излетал од пат: Прилепчанец тешко повреден, во неконтактибилна состојба пренесен во Ургентен

Прилепчанец е тешко повреден во сообраќајна несреќа која вчера околу 14:30 часот се случила на магистралниот пат Велес-Штип, кај с.Сарамзалино.

urgenten-centar-640x291

Од полицијата информираат дека М.А. (42) од Прилеп управувајќи моторцикл „Кавасаки“ со прилепски регистерски таблици, изгубил контрола над истиот и излетал од патот.

-Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди (контузија на граден кош, глава и врат, и фрактура на потколеница), кој по укажаната лекарска помош во болницата во Велес, во неконтактибилна состојба бил префрлен во Ургентниот центар во Скопје, стои вo полицискиот билтен.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС-Свети Николе и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.