Сончево и топло време со температура до 36 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со умерен ветер претежно од северен правец, во источните делови повремено ветерот ќе засилува.

soncevo-2

Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 29 до 36 степени. УВ-индексот ќе има вредност 9.

Во Скопје ќе има слично време, сончево со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе достигне до 34 степени.

Следува период на претежно сончево и топло време. Во текот на викендот во попладневните часови ќе има извесно зголемување на облачноста, ќе има и услови за краткотраен пороен дожд со ретки грмежи, особено повеќе во сабота кон недела. Дневната температура во наредните денови ќе биде во покачување.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.