„Се смееше додека одеше кон полицијата – поп, поп, поп и готово“

Едно од лицата кои учествувале во нападот во Камбрилс “мрморел и се смеел“ во текот на нападот, наведува очевидец, а пренесе „Скај њуз“.

 

ratta

Како што се наведува, напаѓачот се смеел додека одел кон полицијата пред да биде застрелан.

Автомобилот во кои биле четири лица влетал во група луѓе на шеталиштето покрај морето, нешто помалку од осум часа после нападот во Барселона кога се убиени 13 луѓе, а ранети повеќе од 100.

Во нападот во Камбрилс ранети се седум лица.

„Девојките влетаа во бар од улицата и тогаш луѓето почнаа да трчаат. Еден од нашите момци стоеше, погледна и само рече ’трчај’. Сите почнавме да трчаме. Напаѓачот дојде и почна да вика нешто. Не знам што викаше, повикавме полиција. Беа тука за 30 секунди, искочија од автомобилите и пукаа во него. Напаѓачот потоа зборуваше нешто друго“ – изјави Физрој Дејвис од Вулверхемптон.

„Им возврати, ја прескокна оградата и почна да се смее и да оди кон нив. Потоа следуваше поп, поп, поп и падна на земја“ – додава Дејвис.

Еден од вработените во ресторанот, Маркел Артабе (20) изјави дека бил на променатата кога слушнал бука за која мислел дека е огномет. Потоа, како што наведува, сфатил дека тоа се истрели од огнено оружје. Тој истакнува дека видел како едно лице лежи на земја со “дупка од куршум во главата“.

Исто така, келнерот од околниот ресторан изјави дека слушнал многу истрели и викања: „Скокнав на плажата и не се мрднав“.

Осум часа претходно убиени се 13 луѓе во напад во центарот на Барселона, кога се ранети повеќе од 100 лица.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.