Светицата која се слави денеска – за многу години

sveta-teodosija-124297iul78o78

Денеска е Преподобна маченичка Теодосија.

Света Теодосија била родум од Цариград, од богато семејство. Татко и умрел уште додека Теодосија била на седумгодишна возраст. Мајка и уште од малечка ја дала да се воспитува во манастир. Теодосија пораснала, го засакала подвижничкиот живот и не сакала да го напушти манастирот. Нејзиното страдање паѓа во времето на иконоборечкиот император Лав Исавриецот (717-741). Света Теодосија била затворена и мачена поради нејзината ревност во одбраната на правоверното учење за почитувањето на иконите, а најпосле и погубена во 730 година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.