Путин откри ШОКАНТНИ ДЕТАЛИ во најновото интервју: Наредив рушење на патнички авион пред Олимписките игри

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека во 2014 година наредил да биде соборен патнички авион за кој стигнал извештај дека носи бомба која ќе биде фрлена на отварањето на Зимските олимписки игри во Сочи.

Во документарниот филм под под називот “Путин”, кој е достапен на социјалните мрежи и трае 2 часа, рускиот претседател на новинарот Андреј Кондрашову му рекол дека на 7 февруари примил повик од безбедносните служби одговорни за Олимписките игри во Сочи, и тоа пред церемонијата за отварање.

“Ми беше речено: Авионот на пат од Украина кон Истамбул е под опсада, киднаперите бараат да слета во Сочи”, рекол Путин во документарецот.

Пилотите на турската авиокомпанија “Пегасус” на авионот од типот Боинг 737-800 кој летал од Каркив до Истамбул, пријавиле дека еден од патниците има бомба и дека авионот мора да го промени курсот кон Сочи, вели Путин.

Во авионот, како што изјавува Путин, имало 110 патници, додека на стадионот каде се одржувала церемонијата на отварање имало 40.000 луѓе.

Путин додава дека побарал совет од безбедносните служби, кои му рекле дека според процедурите, во слични ситуации предвидено е соборување на авионот.

“Им реков: Однесувајте се во согласност со планот”, вели Путин и додава дека непосредно после тоа пристигнал на стадионот заедно со претставниците на Меѓународниот олимписки комитет.

Неколку минути после тоа, Путин, како што вели, примил уште еден телефонски повик во кој е известен дека тоа била лажна тревога, дека патникот бил пијан и дека авионот продолжува да лета кон Турција.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, вчера потврди дека пренесеното во документарецот е вистина.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.