Путин го изненади својот поранешен шеф во КГБ кој наполни 90 години

Рускиот Претседател Владимир Путин им се придружи на своите поранешни колеги од КГБ за да го прослават роденденот на својот поранешен шеф во Советската тајна агенција.

 

1

Лазар Метвејев кој денеска наполни 90 години беше првиот човек на резиденцијата на КГБ во Дрезден во 1980-тите, каде што меѓу младите агенти бил и Путин.

Рускиот Претседател заедно со уште двајца поранешни агенти, Сергеј Чемезов и Николај Токарев го посотеија Метвејев во неговиот дом во Жулебино, источно од Москва.

2

Кремљ соопшти дека Метвејев од Путин добил претседателски часовник и копија од „Правда“ која е испечатена токму на неговиот роденден во 1927 година.

3

Сегашниот руски Претседател станал агент на КГБ во 1975 година, а од 1985 до 1990 година служел во Дрезден, Германија. Од службата се пензионираше по колапсот на Советскиот Сојуз.

4




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.