Прилепчанец претепан во Градски парк

Денес околу 01,20 часот по полноќ во Скопје, во Градскиот парк А.Н.(23) од Прилеп и С.Б.(23) од Скопје, додека се шетале биле пресретнати од неколку непознати машки лица, кои им побарале пари.

Во тој момент С.Б. успеал да избега и да го пријави настанот во полициска станица, а А.Н. бил физички нападнат.

Како што е наведено во полицискиот билтен, се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.