Полицаец од Битола синоќа бил брутално нападнат и се здобил со тешки повреди

Синоќа во Секторот за внатрешни работи-Битола, униформиран  полициски службеник  вработен во СВР-Битола, физички бил нападнат од страна на 47-годишниот Р.Ѓ. од  Битола, соопштуваат од полицијата.

Како што информираат од полиција, истиот ден  униформираниот полициски службеник заедно со уште двајца унифомирани полициски службеници ., по пријавена поплака на ул.„Борис Бастерот“, го барале лицето С.Ѓ.,но  откако не го нашле на наведената адреса,  полицискиот службеник  му се јавил телефонски и службено стапил во контакт со него. По кратко време лицето С.Ѓ. повторно му се јавило на полицискиот службеник  и му се обратило со зборови со заканувачка и недолична содржина, по што полицискиот службеник  му го исклучил телефонот. Вечерта, околу 21 часот, кога со колегите се вратиле во Секторот за внатрешни работи-Битола во ходникот, после нив по неколку минути влегол Р.Ѓ.и истиот без никаков разговор му се приближил на полицискиот службеник и со глава го удрил во пределот на устата, при што му нанел телесни повреди на устата и фрактура на забот, стои во соопштението.

Р.Ѓ.е приведен во Секторот за внатрешни работи-Битола и се работи на расчистување на случајот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.