Познато уште едно име кое ќе настапи на овогодинешниот “Пиво Фест” во Прилеп

18893412_1559952350701676_2883906801085495188_n

Покрај изведувачите кои ги објавивме претходно, познато е уште едно звучно име кое ќе настапи на овогодинешниот петнаесетти по ред фестивал на пивото и скарата во Прилеп.

На фестивалската сцена во Прилеп ќе настапи и познатата хрватска пoп-панк група “Psihomodo Pop”.

19396791_1572577582772486_845051801775786056_n

Се работи за култен хрватски бенд кој е формиран во далечната 1983 година и ги освојувал сцените ширум бивша Југославија и светот повеќе од 30 години.

Посетителите на “Пиво Фест” ќе имаат можност да слушнат нешто живо и убаво да се размрдаат на нивната музика.

Во продолжение слушнете некои од нивните најголеми хитови:

Претходно објавивме дека годинава на “Пиво Фест” ќе настапат и: Ален Исламовиќ, “Амадеус Бенд” и домашните “Нокаут” и “Еуе Cue”.

A.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.