ПОВТОРНО ТРАГЕДИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Страшна сообраќајка во прилепско, познат идентитетот на младото момче кое загина

Едно лице загина, а тројца се повредени откако возило излета од патот вечерва во близина на селото Големо Коњари на патот Прилеп-Крушево, соопшти полицијата.

soobrakajka-1-1

Како што соопшти полицијата, незгодата се случила во 19.15 часот кога возило „венто“ излетало од патот. На самото место починал е Илија.П (1993) од селото Славеј, Прилепско, а три лица со тешки повреди се пренесени во Клиничката болница во Прилеп.

Сообраќајот е во прекин. Увидот е во тек.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.