“Нестор-гол” решети и во Сериа Б: Нови два погодоци за прилепскиот “снајперист”

Нестор-гол и понатаму решети низ Италија. Неговиот Палермо оваа година се натпреварува во втората по квалитет лига, но тоа ниту малку не го демотивира прилепчанецот и понатаму да ги полни мрежите на противничките екипи.

Во вечерашниот натпревар од шестото коло од италијанската Сериа Б против Про Верчели, нашиот Иле му донесе нови три бода на тимот од Сицилија, стрелајќи прецизно по еднаш во првото и второто полувреме за конечни 2:1.

Несторовски најпрвин израмни на 1:1 со погодок во 25-та минута, а на стартот на второто полувреме во 51-та стрелаше и за 2:1.

Со овие два погодоци Несторовски стигна до вкупно 4 и му помогна на Палермо да се искачи на третото место на тавелата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.