Милошоски за „реформаторот“ на ВМРО-ДПМНЕ: Додека имаше 300.000 € годишен приход партијата му беше демократска!

Денес, секнало изворчето на адвокатот и одеднаш потребни биле реформи и демократија?! Но, на маката, се познаваат и јунаците, и доследните членови и интересџиите, напиша Милошоски.

antonio-650x396

Еден адвокат, во добрите времиња во 2013, 2014, 2015-та година како партиски правен застапник на куп државни претпријатија си правел околу 300.000€ годишен приход и си молчел, нит спомнал реформи, ни режим, се му било демократски. Членовите не ги гледал, сите функционери ги фалел, а посебно лидерот… стискање со двете раце – напиша пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на својот фејсбук профил, по прес конференцијата на новите „реформатори“ кои иницираат демократизација во ВМРО-ДПМНЕ.

На денешниот прес, најавен и во живо пренесуван на медиуми поддржувачи на политиката на Заев и новото парламентарно мнозинство, гласноговорникот на идејата за реформи и демократизација на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Михајловски, посочи дека се на почеток на една внатрепартиска иницијатива суштински статутарни реформи во партијта. Како што посочи,  иницијативата произлегла од „желбата на илјадници членови на партијата“, кои во изминатиот период, според него, ги носеле победите на ВМРО-ДПМНЕ, а не им била дадена можност да учествуваат во носењето на партиските одлуки.

 

Во продолжение ви го пренесуваме во целост статусот на Милошоски, поврзан со излагањето на Михајловски:

Еден адвокат, во добрите времиња во 2013, 2014, 2015-та година како партиски правен застапник на куп државни претпријатија си правел околу 300.000€ годишен приход и си молчел, нит спомнал реформи, ни режим, се му било демократски; членовите не ги гледал, сите функционери ги фалел, а посебно лидерот.., стискање со двете раце!

• На ВМРО-ДПМНЕ му треба освежување, реформирање, но не му треба лицемерие!

 

• Чесните и достојни членови на ВМРО-ДПМНЕ знаеле да критикуваат , да укорат и да пофалат и во добри и во лошо, но го правеле тоа на начин и место што доликува на едно големо партиско семејство.

 

• Но токму заради оние интересџиите, кои не се ни први ни последни безрбетници од основањето на ВМРО-ДПМНЕ до денес, баш заради таквите, потребни се суштински кадровски реформи во ВМРО-ДПМНЕ, за да излеземе посилни, со сплотување на членството, со единството и целокупноста на партијата како заедничка врвна цел за следната изборна победа!

 

Член сум на ВМРО-ДПМНЕ од мојата 16та година, заради идеологијата, организацијата, заради Македонија, за конзервативните вредности и честа на моите предци загинати во Илинденскиот период! Така ќе остане се додека смртта не не’ раздели!

milososki-2

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.