Магла и студ – временска прогноза за следната недела

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност претежно во планинските региони и со слаб до умерен јужен ветер. Во утринските часови, по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Температурата ќе се движи од 10 до 18 степени.

Во понеделник ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност поголема во планинските региони и кон југот. Понекаде во долините ќе има услови за појава на утринска магла. Во вторник и особено во среда ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а утринските температури ќе се насекаде над нулата.

Во четврток ќе имаме променливо време со максимални температури до 17 степени.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.