Ликот на Путин се појави на фасадата од хотелот на Трамп: Стои пред руско знаме со подигнат палец (ВИДЕО)

Не е познато кој стои зад сето ова…

putin-620x350

На фасадата од луксузниот хотел “Трамп Сохо” во Њујорк проектиран е ликот на рускиот претседател Владимир Путин, објави “Бизнис инсајдер”.

Според пишувањата на порталот, Путин е претставен како стои пред руско знаме со подигнат палец, додека покрај неговиот лик стоjaт натписите “Драго ми е што помогнав, брате”, “За перењето пари”, “На располагање, сервис за перење веш”.

Пред хотелот во Менхетен истовремено биле присутни луѓе облечени во воени униформи, кои носеле руски знамиња.

Порталот вели дека сето ова се случило во понеделникот, но не е јасно кој стои зад сето тоа.

 

Ф/Г/

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.