“Курир”: Убиството во Чаир е вооружена пресметка на бандите на ДУИ и СДСМ? (ФОТО)

Во скопската населба Топанско, во општина Чаир, синоќа се случи крвава вооружена пресметка. Како на сцена од филм, среде населено место во чија близина има голем број на згради и објекти, ладнокрвно беше убиено едно лице, а друго тешко рането.

Како што дозна КУРИР, убиеното лице е Исмет Арифи (викан Кока) од село Блаце кој во престрелка се има здобиено со фатални повреди и умрел во неговиот автомобил „Пасат“ сива боја, на местото каде се случила престрелката.

Тешко повреден е Ќемал Лусјани  кој живеел недалеку од местото на инцидентот.

Според првични информации убиството се случило во вооружена пресметка на бандите на ДУИ и СДСМ во овој дел од Скопје. Во недостаток на официјални информации од институциите, од терен вчера дознавме дека престрелката се случила помеѓу две спротивставени групи кои имале нерасчистени сметки помеѓу себе, а истите биле поради продажбата на дрога.

Целосната информација погледнете ја ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.