Како изгледаше најголемиот народен собир – ВМРО-ДПМНЕ ја крена Македонија на нозе?! (ФОТО+ВИДЕО)

Централниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ пред владата на Република Македонија, доказ дека најголемата партија во државата не само што не загубила на рејтинг, туку од опозиција дури делува поорганизирано и побројно. Големиот број на активисти, симпатизери и граѓани од сите краишта на државата слеани пред владата ја покажува организираноста, бројноста и поддршката која оваа партија ја ужива кај граѓаните. Просторот пред влада е претесен да ги собере граѓаните дојдени на митингот.

Забележително е тоа што повеќе од половина од присутните на митингот се од Скопје и скопските општини, што е јасен знак како ќе гласа Скопје во недела. Скопје и скопјани се со јасен став, ВМРО-ДПМНЕ и Коце Трајановски се нивниот избор.

Ова е еден од најголемите митинзи на ВМРО-ДПМНЕ во историјата. Огромната поддршка помеѓу граѓаните и покрај тоа што партијата е во опозиција се должи на деталната економска програма и план за развој на државата соберен во стратегијата и планот наречен „Нова ера“ со која се предвидува  отворање на 150.000 нови работни места, подобрување на квалитетот на обрзованието и здравството, силна инфраструктурна поврзаност на сите краишта низ државата, како и држава интегрирана во ЕУ и НАТО.

Очигледно дека концептот на развој, со аргументирана економска програма ја доби довербата на граѓаните. Големиот митинг на ВМРО-ДПМНЕ кој надалеку го надминува митингот на СДСМ, е предвесник на изборниот резултат,  судејќи по бројноста на митинзите се доаѓа до логичниот заклучок кој е победникот на претстојните локални избори во недела.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.