ИМА 78 ГОДИНИ, НО ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО МОЖЕ ДА НАПРАВИ ВО ТЕРЕТАНА (ВИДЕО)

Untitled

Поголемиот број на луѓе кои имаат 78 години, физичките активности ги сметаат за штетни, но тоа не е случај со Хасинто Бонил.

Познат како “Кросфит дедо”, овој фитнес фанатик од Њујорк, ги прославува своите родендени во теретана, изведувајќи ги секоја година сите најтешки вежби.

 

Оваа година за неговиот роденден направил 78 чучневи, 78 склекови, 78 згибови, 78 замави со руско ѕвоно, 78 мртви подигнувања тегови од 45 килограми, и завршница со 78 двојни прескокнувања на јаже.

Хасинто започнал да се занимава со спорт уште кога бил тинејџер, кога тренирал бокс, а подоцна вежбал се’ – од боречки вештини до трчање маратон.

За “Кросфит” се заинтересирал во 2006 година откако за тоа прочитал во весниците. Денес е тренер за овој фитнес метод во својата теретана “CrossFit 1939”.

А/Г/

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.