Зимата допрва почнува, подгответе се за промена

Времето во Македонија ќе биде облачно и студено, во претпладневните часови со врнежи кои на запад и североисток ќе бидат од снег, а во делот вдолж Повардарието ќе бидат од дожд. Попладне врнежите ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири, а дневната од нула до шест степени.

Во понеделник ќе има преодно стабилизирање, а нов влажен бран со врнежи од дожд и снег се очекува во вторник попладне и в среда.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.