Доаѓа нов влажен бран: Ноќеска подгответе се за силно невреме

maxresdefault89p89p8

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти дека во вечерните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Во текот на ноќта и утре, особено претпладне, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со обилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.Дневната температура ќе опадне за околу шест степени.

Потоа, најавува УХМР, следува период на стабилно и топло време, освен во среда, кога ќе има услови за локална нестабилност.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.