Детали за убиството во Чаир: Откриен идентитетот на убиениот

Во Чаир доцна синоќа се случи вооружена престрелка, во која едно лице беше убиено, едно тешко рането, јави Курир.

Според најновите податоци на порталот, убиениот е Исмет А. викан Кока од Блаце, кој починал на лице место во својот автомобил, додека повреден е Љ.К. кој живеел недалеку од местото на настанот.

Како што неофицијално дознава Курир, осомничен или приведен за овој крвав настан нема. Полицијата нема никого приведено засега.

Се очекуваат повеќе детали.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.