Времето денес сончево со температура до 17 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. По  одделни котлини и по речните долини ќе има појава на утринска магла.

Кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста, особено во западните и југозападните делови на земјава, а ќе има услови за краткотраен локален дожд.

Минималната темпертатура ќе се спушти до нулата, а дневната ќе достигне до 17 степени.

Во Скопје утринската температура ќе се спушти до еден степен, а дневната ќе достигне до 16 степени.

Во вторник и в среда ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, наместа повремено врнежите ќе бидат пообилни. Утринските температури ќе се покачи и насекаде ќе биде над нулата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.