Некои од групата биле избркани, но еден од нив заедно со својот брат успеале да влезат подлабоко во знапуштената зграда.
Група млади луѓе влегле во напуштената зграда на училиштето “Јамеах Исламеах” која се наоѓа во источен Сасекс. За ова место се вели дека служи за регрутација на терористи.
За време на нивната турнеја низ зградата, овие млади луѓе заклучиле дека истата сеуште се користи.
Престојот во зградата цело време го снимале, но на моменти морале да престанат бидејќи се појавиле некои луѓе кои не биле баш воодушевени што тие се внатре.
Момчето кое го снимало видеото цело време говори дека сето тоа го плаши, затоа што очигледно на тоа место нешто чудно се случува.
Со објективот на камерата успеал да забележи просторија каде муслиманите се молат, соба во која се наоѓаат душеци, но и табла на која пишува Алах.
Кога слушнале гласови како им се приближуваат морале да побегнат. На цела среќа успеале да се извлечат неповредени.
Погледнете го видеото:
А/Г/