Еден маж го искористил моментот пред папата Франциск и ја запросил својата девојка среде Ватикан.
Во моментот кога папата шетал низ Ватикан, венецуелскиот политичар и активист Дарио Рамирез ја искористил приликата да ја запроси својата девојка Мариангел Еспинал.
-Кога не запознаа со папата, му ја објаснив ситуацијата во Венецуела и со што се соочуваат политичките затвореници. А тогаш му реков дека жената до мене е жената на мојот живот. Ја запознав во црква, Бог ја прати во мојот живот и сакам да ја запросам. Клекнав и го направив тоа, раскажа Рамирез и додаде дека тој исто така е жртва на режимот, поради тоа што во 2014 година бил протеран од сопствената земја.
Еспинал останала без зборови и немала поим што ја очекува, па и папата морал да се замеша.
-Те праша дали ќе се омажиш за него, што имаш да кажеш?, рекол Франциск.
Таа брзо дошла при себе и одговорила возбудено: „Да, секако“