Вардаровиот гол од АУТ во последна секунда кој ја стресе цела Германија – Вардар ита кон нов плеј-оф (ВИДЕО)

Вардар ита кон нов плеј-оф и кон одбрана на титулата во Лигата на шампиони.

Црвено-црните херои вчера го совладаа германски Кил со резултат 28:29. Победата е уште послатка поради начинот на кој беше извојувана.

Кога сите мислеа дека натпреварот ќе заврши нерешено 28:28, Хорхе Македа со погодок од аут во последните 3 секунди му донесе триумф на Вардар и огромна психолошка предност пред реваншот во Скопје.

Погледнете го убавецот кој ја стресе цела Германија:

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.