ВМРО-ДПМНЕ: СДС води политика на кражба и лажење на земјоделците- им ветуваат зелена нафта, а им ги скратија субвенциите

Воведувањето на таканаречена зелена нафта е само лажен морков за земјоделците, во ситуација кога драстично се зголемува акцизата за нафта од страна на владата, нема ништо да остане за земјоделците кои ќе бидат со негативно салдо, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Тие зголемувајќи ја акцизата далеку повеќе одземаат од граѓаните отколку што ќе овозможат бенефит со зелената нафта. Значи далеку повеќе ќе земат од земјоделците, од тоа што ќе го овозможат. Владата води политика на кражба и лажење. Освен акцизата за нафта, на земјоделците прво им ги ограничија субвенциите со висината на приносот, а потоа им ги скратија субвенциите предвидувајќи 24 милиони евра помалку од тоа што ветија., Дупло голо, стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ и се додава:

„Исто така фалењето со проекти на ВМРО-ДПМНЕ станува традиција на владата на СДС. Проектот млад земјоделец со кој се фалат дека ќе доделуваат грантови по 10 000 евра за младите земјоделци е воведен од владата на ВМРО-ДПМНЕ уште во 2012та година, и до 2016-та година се обезбедени 1.5 милиони евра за младите земјоделци“.

Извор: Курир




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.