(ВИДЕО) Колку луѓе би загинале во нуклеарна војна?

Во случај на трета светска војна од нуклеарен напад во првите три недели би загинале околу 500 милиони луѓе.

nuklear

Специјалистот за визуелизација на податоците Нил Халоран објави видео кое го направил, а на него е проценет бројот на жртви при нуклеарна војна.

Графиконот ја покажува годинша промена на популацијата во светот. На видеото исто така се гледа вкупниот број на смртни случаи секоја година во текот на 20 век, вклучувајќи и периодот на најголема смртност, т.е. периодот за двете светски војни.

Авторот ги земал во предвид и бројот на жртвите од атомските бомби фрлени во Хирошима и Нагасаки, како и бројот и капацитетите на нуклеарните боеви глави кои би погодиле цели во САД, Европа, Русија и другите земји во случај на трета светска војна.

Халоран проценува дека во првите три недели по нуклеарните напади загинале околу 500 милиони луѓе.

Конечниот број на жртвите не може да се одреди поради непредвидливото влијание на нуклеарната зима која би настапила после војната.

Погледнете го видеото:

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.