Бела чума по градовите: Над 30.000 млади заминале од државава за три месеци, младите на маргините!

Над 30.000 млади лица ја напуштиле Република Македонија изминативе три месеци. На градовите им се заканува бела чума.

Иако СДСМ и Зоран Заев ветуваа и се уште ветуваат живот во Македонија за сите, со штетните политики кои ги водат ги “избркаа“ младите од земјава.

Ако се следи движењето на населението, статистиката покажува дека од јуни до септември надвор од државата се иселиле 31.170 млади, од 18 до 37-годишна возраст.

Како главна причина за ваквото нагло иселување на младите од државата се смета бесперспективноста.

Во последните 4 месеци во Македонија може да се забележи пад на економијата во секој аспект, па токму тука може да се види причината за масовното иселување.

Трет месец последователно се бележи пад на индустриското производство, извозот, пониската просечна плата и другите негативни индикатори со што е намалена конкурентноста на македонската економија.

Владата на СДСМ воопшто не е заинтересирана за носење странски инвеститори. Во овие четири месеци не успеа да донесе ниту една странска инвестиција каде младите би можеле да се вработат, па тие се принудени работа да бараат надвор од границите на Македонија. Освен што не се носат нови инвестиции, низа компании кои веќе вложија и работат во Македонија планираат да стават клуч на врата. Поради игнорантскиот однос на Владата на Заев, неколку илјади граѓани ќе останат без работа.

Падот во градежништвото за огромни 25 отсто за месец јуни, но и падот во другите индустриски гранки, негативно ќе се одрази врз намалување на невработеноста, што ќе значи дека во Република Македонија наместо нови вработувања, ќе има отпуштање на работници.

Младите на маргините поради политиките на Владата на СДСМ

Заев во неговата програма „План за живот во Македонија“, гордо најавуваше дека ќе ги врател младите кои се  иселиле од државата назад во Македонија, но како и што е случајот со најголемиот дел од неговите ветување и ова е далеку од исполнување. Така барем покажуваат моменталните податоци и бројот на младите кои се иселиле од државата во последните три месеци, откако на власт е СДСМ. Досега новата Влада нема реализирано ниту еден проект за младите, што како што велат самите млади е поразително за една држава.

Пред скоро една година Шеќеринска гордо се фалеше дека тие имале план како да ги задржат младите во Македонија, планот кој очигледно е само еден од многуте неуспешни планови и лаги на СДСМ.

-Имаме план како младите да останат тука во Македонија, тука да формираат семејство, тука да најдат работа, тука да ја градат својата иднина. ВМРО-ДПМНЕ и Груевски имаа десет години да го сторат тоа. Да понудат пристоен живот и еднaкви шанси за сите, но тоа не го сторија. Тие сметаат дека најважно од сѐ е да ги полнат своите џебови и сметки низ рајските острови, изјави лани во ноември Шекеринска.

Пред две години пак премиерот Заев, пред граѓаните ветуваше дека ќе ги враќал и оние веќе се иселени од државата.

-Ќе ја нормализираме нашата земја, ќе ги вратиме институциите, ќе отвориме квалитетни работни места за да го вратиме овој моќен извор во земјата, младата популација, и заедно да ја градиме иднината на нашето општество, изјави Заев во октомври 2015 година.

СДСМ пред изборите им ветуваше брда и долини на младите и студентите, а веднаш откако дојде на власт заборави на се она што гиизлажа пред изборите и им го сврте грбот на младите. СДСМ не даде поддршка на Законот за издавање на вредносни бонови-ваучери, а со тоа ги спречи студентите да добијат 18.600 денари за набавка на компјутери, кој беше само еден од многу проекти на Владата на ВМРО-ДПМНЕ за младите.

Заменикот на Зоран Заев во партијата и сега министер за одбрана во Владата на СДСМ, Радмила Шеќеринска лажно ветуваше и младинска гаранција за граѓаните, која младите се уште ја чекаат, но новата власт заборави на ова веднаш откако седнаа во фотелјите, а младите се плашат дека ова ќе биде само уште една од многуте лаги искажани од Шеќеринска и Заев.

Младинска гаранција ветуваа и други министри од Владата на Зоран Заев. Сите до еден, ги излажаа младите.

Младите ги излажа и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски од СДСМ.

Со лаги за оваа тема и ветување кое секако нема да се реализира, во предизборието излезе и актуелната министерка за труд и социјална политика, Мила Царовска.

На оваа тема ветувања даваше и Александар Кирацовски, актуелен генерален секретар на СДСМ, а поранешен дополнителен заменик министер во МИОА.

Владата на СДСМ ги храни со бадеми и морски плодови министрите, а на студентите им го скрати оброкот од студентските домови

Скандалите кои секојдневно доаѓаат од Владата на Зоран Заев и СДСМ никако да престанат, овој пат јавноста е згрозена од одлуката на Владата на СДСМ да ги храни своите министри со бадеми и морски плодови, а да го скратува оброкот во студентките домови на студентите.

Наместо подобар живот, студентите добија оброк помалку во домовите. Се уште студентите не добија ништо од најавите на СДСМ и Зоран Заев за подобар студентски стандард во периодот пред декемвриските избори ги зголемуваат маките на македонските студенти.

Oдлуката на раководните структури од партијата на Зоран Заев предвиде укинување на појадокот за студентите кои годинава добиле легло во трите најголеми студентски домови во главниот град, домови “Гоце Делчев“, “Стив Наумов“ и “Кузман Јосифовски – Питу“. Отсега наместо вообичаените три оброци кои им следуваа, идните академски граѓани кои одлучиле да ги користат услугите на студентските домови, за истата цена која ја плаќале и досега, ќе добиваат само два оброци. Тоа значи дека трошокот за студирање станува поголем. Оброкот кој досега го покриваше државата, ќе мораат да го платат од сопствениот џеб.

Покрај оваа најнова мерка за „живот“, студентите ги паметат и не така одамна укинатите и стопирани мерки наменети за нив, како згаснувањето на дисперзираните студии, стопирањето на проектот 30/35 кој обезбедуваше финансиски поволности при студирањето за повозрасните граѓани со интерес за студирање, гласањето против законот за студентски ваучери за купување компјутери. Од Буџетот, СДСМ скрати пари наменети за студентските домови.

Поради сите овие причини, младите носат одлука да ја напуштат Македонија. „Животот“ кој Заев го ветуваше изгледа се однесувал само на неговото семејство, пријателите и соработниците.

извор: курир




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.