БРИТАНИЈА ВО ИДЕНТИЧНА СИТУАЦИЈА КАКО И МАКЕДОНИЈА: Партијата на премиерката Тереза Меј победи на изборите, а лабуристите бараат нејзина оставка

tereza-mej-britanija-600x338

Ден по изборите во В.Британија, политичката ситуација е се понеизвесна. Конзервативците го загубија мнозинството, се бара оставка на премиерката. Таа не дава. Брисел стравува.

Според последните информации, конзервативците на премиерката Тереза Меј освоија 42,4% од гласовите на вонредните парламентарни избори во Британија, а опозициските лабуристи 40,2 %. Интересна ситуација, слична како и во Македонија.

Тоа значи дека конзервативците на Тереза Меј нема да имаат мнозинство во Парламентот кој има 650 места. Според податоците, конзервативците ќе имаат 313 пратенички места, лабуристите 260, Шкотската национална партија 35, а либералдемократите 12.

Странските агенции пренесуваат дека Британците “ја казниле” Тереза Меј и дека и се “удри од глава” коцкањето со распишувањето на вонредни парламентарни избори.

Сега од сите страни расте притисокот британската премиерка да поднесе оставка. ВИ ЗВУЧИ ЛИ ОВА ПОЗНАТО ? Конзервативците победуваат на избори, а губитниците бараат оставка од Меј. Прашањето е дали ќе успеат во моќна држава како В.Британија со сила да ја променат власта.

Притисокот кон Меј постојано се зголемува, причината ја знаеме сите. Меј стана премиерка по референдумот за излегување од Европската Унија, популарниот “Брегзит” од кој стравува Брисел.

Некои медиуми веќе го гледаат на нејзино место Борис Џонсон, некогашниот градоначалник на Лондон.

Ф.Г.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.