БЛЕСКАВ ВИКЕНД ЗА ППК “Mладост 96”: На два настани нивните играчи беа во главна улога

Изминатиот викенд за ППК Младост96 беше извонреден. Се одржаа два настани, во кои во главните улоги беа играчите на Младост96.

Најпрво во саботата во Прилеп во спортската сала на СОУ “Ѓорче Петров”, во организација на ППФМ и ППК Младост96 како тех.организатор, се одржа 2-то Државно поединечно првенство за Сениори/ки до 21 година.

ППК Младост96 има Државен првак во името на Петар Костовски, Александар Рикалоски го освои третото место, а Лука Огненовски беше петти, што претставува огромен успех за младиот пингпонгар.

Костовски и Рикалоски играа меѓусебно полуфинале и во одлична игра победа оствари Костовски со 4-1. Во финалето Костовски подобар беше од Тео Кировски со резултат 4-0.

Во борба за третото место Рикалоски во крајно неизвесен натпревар со 4-3 во сетови го победи играчот кој игра за Нови од Црна Гора, Христијан Јованов. Во двојки два медали за ППК Младост96.

Вице шампиони се Костовски Рикалоски кои изгубија во финалето од Кироски и Бужароски со 3-1. Но, она што изненади беше третото место за парот Лука Огненоски и Наум Наумоски, кои се пионери, а направија подвиг достоен за почит.

Во полуфиналето изгубија од клубските играчи Рикалоски-Костоски.

Во женска конкуренција настапи и Камелија Стојческа. ППК Младост на првенството беше најуспешна екипа освојуваќи четири медали. Одлична организација од страна на тех.организатор Младост96.

После одличниот настап на Државното првенство во неделата се одржаа натпреварите од Супер лигата, каде Младост96 играше со ППК Рисови, а Шампиони Ф.А го одложи претходно натпреварот. Наместо неизвесен натпревар како што сите претпоставуваа, играчите буквално го преслушаа противникот.

Рикалоски и Костовски повторно со блескава игра се прошетаа во натпреварот и со двете победи на Костовски против Бужаровски и Матевски со по 3-0, победата на Рикалоски против Кировски 3-2, како и победата во двојки на Рикалоски и Костовски ги донесоа конечните 4-1. Играше уште и З.Рикалоски кој загуби од Матевски со 3-0. Одложениот натпревар со Шампиони ќе се одигра во Прилеп на 28.04.

На табелата Младост96 е на делба на 4 место, со градскиот ривал Младост, кое носи плеј офф. Наредното коло се игра на 22.04, а Младост96 игра со Вардар и Универзитет Гоце Делчев од Штип.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.